Ракометарите сега имаат три милиони дополнителни причини да се пласираат на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија денеска замина кон Естонија, каде што утре од 18 часот ќе игра против домашната селекција, во квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се игра следната година. Македонија мора да забележи две победи во последните две кола за да бидеме на завршицата на континенталниот собир.

По гостувањето кај Естонија, во последното коло избраниците на селекторот Кирил Лазаров во Скопје ќе играат против Литванија. Како дополнителен мотив и стимул за успех, челниците на Ракометната федерација на Македонија одредија премија од 1,5 милиони денари.

Покрај РФМ, премија од 1,5 милиони денари ќе додели и Министерството за спорт предводено од министерот Борко Ристовски. Тоа значи дека ракометарите ќе поделат вкупно три милиони денари ако успеат да се пласираат на завршницата на ЕП 2026.

- Оглас -

Најнови вести