Ракометарите ќе добијат милионска премија за пласман на ЕП 2024!

Македонската машка ракометна репрезентација е пред пласман на уште едно големо натпреварување, Европското првенство кое во 2024 година ќе се игра во Германија. По четири одиграни кола, Македонија е на второто место во групата со четири бода, во која Португалија е убедлив лидер со максимални осум бода. Со четири бода е и Турција, додека Луксембург е последен без бодови.

До крајот на квалификациите, Македонија ќе гостува кај Луксембург (26април), а во последното коло во Скопје ќе играме против Турција (30 април), меч на кој треба да ја завериме втората позицијата на табелата која носи пласман на континенталниот собир. Македонија веќе еднаш славеше над Турција, и тоа на гости убедливо со 36:27, што значи дека избраниците на Кирил Лазаров се пред пласман на ЕП.

Доколку нема изненадувања и Македонија продолжи со настапи на големи натпреварувања, машката репрезентација ќе добие премија од два милиони денари. Ова беше решено денеска на Управниот одбор на РФМ, што е само дополнителен финансиски мотив за ракометарите да не дозволат изненадување против аутсајдерите Луксембург и Турција.

- Оглас -

Најнови вести