17.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Ракометарите со триумф над Зеленортски острови зедoa залет за СП

Македонската машка ракометна репрезентација успешно ги заврши подготовките за Светското првенство. Со победа над Зеленортски Острови од 27-26 во последниот контролен натпревар, нашиот национален тим покажа дека е спремен за големиот предизвик.

На дуелот против Зеленортски Острови, македонските ракометари се соочија со силен отпор од противникот. Првото полувреме заврши со минимално водство на противникот (14-15), но во второто полувреме, избраниците на селекторот Кирил Лазаров успеаја да го свртат резултатот во своја корист. Победничкиот дух и тимската работа беа клучни за овој успех.

Селекторот Лазаров, како и во претходните подготвителни натпревари, даде шанса на сите ракометари да се докажат.

Во подготвителниот период, Македонија покажа стабилност и напредок. Тимот оствари неколку значајни победи против клубовите Сесвете, Нови Београд и Динамо Панчево, додека натпреварите против Србија и Хрватска донесоа вредни искуства кои ќе помогнат во претстојните мундијалски битки.

- Оглас -

Најнови вести