Ракометарите веруваа во позитивен резултат, но недоволно за изненадување, крај со пораз

Белорусија беше подобра од Македонија со 30-26, па така за македонските ракометари учеството на Светското првенство во Египет заврши со само една победа, онаа против Чиле во првата групна фаза од шампионатот.

Откако во првото полувреме македонскиот тим добро се држеше, беше рамноправен и веруваше во победа, во средината на вториот дел дојде до пад, кој противникот го искористи за да направи серија од 4-0 и таа предност умешно ја одржуваше до самиот крај.

Кирил Лазаров кој веројатно го одигра својот последен меч на Мундијалите, со 7 голови беше прв стрелец во македонскиот национален тим, додека Филип Кузмановски погоди четири пати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести