27.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Ракометарите во Шпанија ќе бојкотираат ако од нив се бара да играат со маски

Изминатиов викенд во шпанската АСОБАЛ лига се одиграа мечевите од осмото коло. Најголемо внимание привлече дуелот меѓу Адемар Леон и Синфина. Во шпанската област Леон беше донесена одлука на ракометните терени да се носи маски.

Поради тоа, на мечот од претходното коло меѓу Адемар Леон и Синфина сите ракометари мораа да носат маски. Адемар Леон победи, а на трибините имаше околу 700 навивачи. 

„Тоа е лудо. Во одредени периоди дел од играчите не може да дишат. На некои им се слоши. Беа на работ од колапсот. Луѓето кои донесоеа таква одлука се тотални идиоти“, вели ракометарот Ерви Фукман, кој игра во германското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести