26.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Ракометарите за победа над Словенија ќе добијат премија од еден МИЛИОН денари

Новиот претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Александар Стефанов, на денешниот прв состанок на новиот Управен одбор на РФМ предложи премија за играчите за победа над Словенија во квалификациите за Европското првенство во 2026 година.

Македонија против Словенија во Скопје ќе игра на 12 март во рамките од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година. Словенија е лидер во групата, а Македонија е второпласирана. Двете селекции беа дел од Светското првенство кое заврши пред еден месец.

Доколку Македонија ја победи Словенија, нашите репрезентативци ќе поделат премија од 1.000.000 денари. Предлогот на Стефанов едногласно е прифатен од новиот Управен одбор.

Собирот на Македонија за мечот против Словенија е закажан на 9 март, а натпреварот со Словенија ќе се игра на 12 март во салата „Борис Трајковски“, а се очекува трибините да бидат исполнети до последното место.

- Оглас -

Најнови вести