Ракометарите заслужуваат полна сала: Пуштени во продажба билетите за мечот на Алкалоид и АЕК

Ракометарите на Алкалоид победија со 25-29 на гостувањето кај АЕК во Атина на првиот меч од финалето на Европскиот куп, па во недела заслужуваат полна сала во битката за трофејот.

Реванш-мечот ќе се одигра во недела, 25 мај, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, а Алкалод ќе треба да ја одбрани предноста од четири гола. Ракометарите на актуелниот освојувач на Купот на Македонија заслужуваат голема поддршка и полна сала, а билетите веќе се пуштени во продажба преку мрежата на „МКтикетс“.

Цената на билетите е симболична и изнесува 200 и 300 денари, зависно од трибината.

- Оглас -

Најнови вести