16.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Ракометарките го загубија првиот тест против Црна Гора

Женската ракометна селекција на Македонија го загуби првиот од двата предвидени контролни натпревари со Црна Гора со минимални 21-22. Во првиот меч од ЕХФ неделата, Македонките можеа да издвојат позитивен исход од средбата која се одигра во Автокоманда, сепак во последните минути ја загубија контролата на резултатот.

По израмнетите сили во првото полувреме кое заврши со нерешени 13-13, нашата селекција ја презеде иницијативата и го држеше резултатот во своја корист до последните неколку минути од средбата. Гостите израмнија на 21-21, а по промашениот напад на Македонија, Црна Гора имаше десетина секунди за последен напад, кој го претвори во гол и на тој начин ја остварија победата.

Двете селекции и утре повторно ќе се пресметаат во спортската сала „Автокоманда“, натпреварот е закажан за 12 часот.

- Оглас -

Најнови вести