Ракометарките и со тесен пораз од Словенија може да се пласираат на ЕП!

Женската ракометна репрезентација на Македонија има добра прилика повторно да биде учесник на Европско првенство. Македонија би требало да биде една од четирите третопласирани во шесте квалификациски групи, но тоа треба да се потврди и по осми пат во историјата да се најдеме на континенталниот шампионат.

Математиките велат дека на гостувањето кај Словенија во Велење од 18 часот (во истиот термин се играат сите мечеви), победа или реми сигурно ја носат Македонија на ЕП кое ќе се игра во декември годинава во пет различни земји, а и пораз до седум голови разлика.

Во случај на пораз поголем од седум гола разлика, ќе го чекаме исходот на дуелот Франција – Финска каде ќе ни треба победа на Французинките, по можност со што поголема разлика, и Италија да не направи сензација против Швајцарија.

Капитенот Ивана Гакидова, истакна дека секој гол ќе биде исклучително важен.

„Мора да играме агресивно, да се бориме за секоја топка и да останеме фокусирани до самиот крај. Имаме шанса да се пласираме на Европско првенство, секој гол ќе биде многу важен за нас. Верѕвам дека со срце, карактер и тимски дух, можеме да направиме резултат кој многу ќе ни значи“, вели Гакидова.

- Оглас -

Најнови вести