Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од домаќинот Унгарија со 19-29 во третиот натпревар на Европското првенство. Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски имаа сили за отпор само во првото полувреме, кое го загубија со разлика само од еден гол (10-11).
Во вториот дел Унгарките покажаа класа, брзо создадоа недостижна предност, која на крајот изнесуваше 10 гола разлика.
Сара Ристовска со шест гола беше најефикасна ракометарка во нашиот национален тим, Јанкуловска и Џатевска постигнаа по три погодоци.
Кај Унгарките, Надине Шацл беше стрелец на шест гола.