Ракометарките ќе добијат силен ривал во баражот за СП 2025

Женската ракометна репрезентација на Македонија в недела ќе го дознае противникот за бараж натпреварот за пласман на Светското првенство 2025 година. Нашите ракометарки ќе се соочат со голем предизвик, бидејќи сите потенцијални противници од првиот шешир се силни репрезентации.

Вкупно 22 земји се поделени во два шешира врз основа на резултатите од ЕХФ ЕВРО 2024. Македонија, која го заврши турнирот на 18-то место, се најде во вториот шешир како носител.

Извлекувањето ќе се одржи во Виена на 15 декември и ќе може да се следи во живо на YouTube каналот Home of Handball со почеток во 13:30 часот.

Шешир 1: Шведска, Црна Гора, Полска, Словенија, Романија, Швајцарија, Шпанија, Австрија, Чешка, Исланд, Фарски Острови

Шешир 2: Македонија, Хрватска, Турција, Србија, Португалија, Украина, Словачка, Израел, Италија, Косово, Литванија

Првиот натпревар од баражот ќе се одигра на 9/10 април 2025 година, додека реваншот ќе се одигра неколку дена подоцна, на 12/13 април.

Репрезентациите на Норвешка, Данска и Унгарија имаат обезбедено директен пласман на Светското првенство 2025, исто како и Франција, Германија и Холандија.

- Оглас -

Најнови вести