Ракометарките ќе играат против Полска во баражот за пласман на СП 2025

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе се соочи со Полска во баражот за пласман на Светското првенство 2025 година, кое ќе се одржи во Холандија и Германија. Првиот натпревар од баражот ќе се одигра на 09/10 април 2025 година во Полска, а реваншот е на наш терен, на 12/13 април 2025 година.

Ждрепката беше одржана во пресрет на последните битки од шампионатот на стариот континент.

Нашата репрезентација на Европското првенство 2024 го заврши настапот во групната фаза, пласирајќи се на осумнаесеттата позиција, по што беше сместена во вториот шешир за ждрепката. Полска се пласираше во главната група, но забележа само една победа. против Романија во последното коло.

Македонија и Полска досега се имаат сретнато трипати, а во сите натпревари победник беше Полска. Последниот дуел е одигран во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести