Женската ракометна репрезентација на Македонија во среда ќе го одигра првиот меч од баражот за пласман на Светското првенство, против Полска на гостински терен. Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за доделување на парична награда на ракометарките во случај да успеат да ја минат Полска и тоа во вистина од 1.5 милиони денари.
Првиот меч од баражот се игра в среда на гости, а реваншот е во сабота, во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Македонија нема настап на Светските првенства уште од 2007 година.