22.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Ракометарките лошо почнаа на Медитеранските игри, Турција победи со 34:27

Лош старт на Медитаренските игри имаше женската ракометна репрезентација, а почетокот во Б групата е со пораз од Турција со 27:34.

Поразот се насетуваше уште по првото полувреме кога избраничките на селекторот Љубомир Савевски примија дури 19 гола и на одмор заминаа со негатива од 3 гола.

Во второто полувреме приказната беше слична, Турчинките ја зголемија разликата за уште четири погодоци и славеа убедливо со 7 гола разлика.

Во второто коло Македонија ќе игра против селекцијата на Србија и не смее да си доволи нов пораз ако сака да игра во полуфиналето.

Во групата Б е уште и селекцијата на Португалија.

- Оглас -

Најнови вести