28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Ракометарките на Канарските острови ќе го поправаат впечатокот против Шпанија (Фото)

Женската ракометна репрезентација на Македонија попладнево ќе го одигра четвртиот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство, кое ќе се одигра оваа година во месец декември.

Вторпат за три дена наш противник ќе биде апсолутниот фаворит во нашата група, репрезентацијата на Шпанија, која во Скопје нѐ совлада со убедливи 19-31. Дуелот кој попладнево ќе се одигра во градчето Ланцароте, на Канарските острови, ќе биде можност за избраничките на селекторот Кристијан Грчевски да го поправат впечатокот од првиот натпревар, но и одлична подготовка за клучните натпревари против Азербејџан и Литванија во април. Токму на овие два натпревари треба да го обезбедиме пласманот на Европското првенство.

На денешниот натпревар, Шпанија е апсолутен фаворит, а основниот хендикеп во Sport Life e 15.5 гола во корист на домашниот состав. Квотата за победа на Шпанија со 16 гола разлика е 1.86, додека за пораз на Македонија со максимум 15 разлика, квотата е 1.84.

Денес ширум Европа ќе се одиграат вкупно 11 натпревари од квалификациите за женското ракометно Европско првенство.

- Оглас -

Најнови вести