Ракометарките на Норвешка и Франција по петти пат ќе играат за титулата на СП

Ракометарките на Норвешка и на Франција денеска (19 часот) ќе играат во финалето за Светското првенство и тоа вторпат едноподруго.

Селекциите кои беа најдобри и играа во финалето на претходното СП (2021 година), и на ова СП кое се игра во Данска, Норвешка и Шведска се најдобри и во меѓусебен дуел повторно ќе решат кој ќе го крене шампионскиот пехар.

На СП 2021 кое се играше во Шпанија, Норвешка победи со 29:22, и денеска ги има квотите на своја страна.

1.90 е квотата дека Норвежанките ќе го задржат шампионскиот пехар во своите витрини, а 2.40 е дека Франција ќе се реваншира за поразот.

Интересно е што овие две репрезентации по петти пат ќе играат во финале на Светските првенства. Првиот меч за титулата го играа во  1999 година и победи Норвешка со 25:24, на СП 2012 победи Норвешка со 32:24, а на СП 2017 славеше Франција со 23:21.

Во мечот за третото место ќе се сретнат Шведска и Данска.

- Оглас -

Најнови вести