Ракометарките по позитивен резултат во Полска за враќање на Светските првенства по 18 години (Фото)

Женската ракометна репрезентација на Македонија сака да се врати на Светските првенства по пауза од 18 години, а последна пречка до учеството е бараж-дуелот против селекцијата на Полска.

Првиот меч се игра вечерва, во полскиот град Кошалин, додека реваншот е во сабота, во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Според квотите во Sport Life, Полска е голем фаворит вечерва, со квота за победа од 1.12, но доколку верувате во нашите ракометарки, тогаш квотата за победа на Македонија е фантастична, 9.00.

Македонија и Полска имаат одиграно 11 меѓусебни дуели, четири од официјален карактер и седум пријателски. Вкупниот биланс е четири победи на Македонија, едно реми и шест победи на Полска. Последен пат игравме во 2017 година на Трофеј Карпати, кога загубивме со 32-25.

Во официјалните дуели имаме само една победа, на Светското првенство во 1997 година, кога славевме со 36-34, додека последниот официјален меч го одигравме на Европското првенство во 2006 година, кога бевме поразени со 35-33.

- Оглас -

Најнови вести