Женската ракометна репрезентација на Македонија сепак најверојатно ќе мора да почека некоја друга шанса за пласман на Светско првенство. Црвено-жолтите загубија од Романија со 22-33, па реваншот во Скопје в среда, ќе биде формалност, бидејќи за нашата репрезентација останаа само теоретски шанси.
Неагу со 11 гола беше очекувано најефикасна на мечот. Во македонскиот национален тим, најдобри беа Ристовска со 8, и Јанеска и Стојковска со по пет гола. Голови дадоа само уште Боризовска три и Стојановска еден.