11.8 C
Skopje
четврток, 16 октомври 2025

Ракометарките со очекуван пораз од Германија ги отворија квалификациите за ЕП 2026

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз на гостувањето кај Германија го отворија циклусот квалификации за пласман на Европското првенство 2026.

Нашите ракометарки загубија со 34-18 од фаворитот во нашата група, а единственото водство го имавме на стартот од мечот кога од пенал погодивме за 1-0. И вториот наш гол беше од пенал, а за гол од игра чекавме се до 17-тата минута, кога противникот имаше убедливи 7-2.

Со две мини-серии се вративме на 8-6 и на 9-7, но Германките до полувремето дојдоа до убедливи 14-8.

На почетокот од второто полувреме се вративме на 15-11 и имавме напад за -3, но домашните беа тие кои диктираа темпо, а нивната предност постојано растеше до крајот на мечот. Во финишот Германките првпат дојдоа и до двоцифрена предност, 28-28, а со серијата од 8-0 ни нанесоа и дебакл на стартот од квалификациите.

Ако е за утеха, нашата Емилијана Ризоска беше најефикасна на мечот со осум гола.

Ракометарките следниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 ќе го одиграат во недела, кога во Битола ќе гостува селекцијата на Словенија.

- Оглас -

Најнови вести