Женската ракометна репрезентација на Македонија е пред пласман на Европското првенство, кое пред крајот на оваа календарска година ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. За седмо учество на континенталните собири потребна ни е победа на гостувањето во Баку, против репрезентацијата на Азербејџан, која на првиот меч во Скопје ја победивме со високи 23 гола разлика, односно 40-17.
И според квотите во Sport Life, Македонија е голем фаворит со квота од 1.01, но за да прославиме пласман на Европското првенство, потребно е и Шпанија да победи на гости кај Литванија. Сепак, доколку се случи изненадување во Литванија, ќе имаме втора меч-топка на домашен терен во недела, кога токму против Литванките ќе го завериме пласманот на седмото Европско првенство за нашите ракометарки.