Ракометен циркус во Србија – Набилдаа гол-разлика со резултат што се граничи со светско чудо

Женскиот ракометен клуб Темерин забележа неверојатна победа од 86:15 против Раванград во меч од Првата лига на Војводина, што е резултат за Гинис, но има и причина за ваков триумф, кој е многу сомнителен.

Да се постигнат 86 гола во ракомет е светско чудо, а Темерин се бори за првото место и има еднаков број бодови како и конкурентот Рума, со нив двапати одигра нерешено 24:24, па на крајот ќе одлучува гол-разликата.

А, таа сега по победата на Темерин, е намалена на минус од 16 голови во однос на Рума на две кола до крајот на првенството.

По првото полувреме на мечот меѓу Темерин и претпослендиот Раванград, беше 43:5, а домашните ракометарки дадоа уште толку голови до крајот на мечот.

Висока е и победата на Рума против Мокрин со 47:18 во дуел на првопласираната и последната екипа на табелата во Првата лига на Војводина.

Засега сè уште нема најава за евентуална истрага по победата за Гинис на ракометарките на Темерин.

 

 

- Оглас -

Најнови вести