29.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Ракометна Битола навреди новинар на МТВ, за ЗНМ е неприфатливо отсуството на реакција од клубот за срамната постапка на навивачите

Најголемото ракометно македонско дерби меѓу Е. Пелистер и Вардар кое се играше во салата „Боро Чурлески“ во Битола, домашната публика нападна, односно објави транспарент со кој навреди новинар на Македонската телевизија.

Здружението на новинари на Македонија, објави соопштение во кое остро реагира на вулгарното однесување на дел од навивачите на Е. Пелистер како и кон управата на клубот кој не го осуди овој потег.

Соопштението на ЗНМ ви го пренесуваме во целост:

На иницијатива на Секцијата на спортски новинари која е дел од Здружението на новинарите на Македонија, ЗНМ остро реагира на вулгарното однесување на дел од навивачите на РК Еурофарм Пелистер кои со крајно навредлива парола се обидоа да го понижат и да се „пресметаат“ со колега коментатор од Македонската Телевизија.

Имено во текот на целиот меч во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар на една од трибините група неодговорни навивачи имаше истакнато безобразен транспарент кој се однесува на колегата Југослав Костовски.

Секцијата на спортските новинари при ЗНМ искажува револт кон навивачите, но и кон домаќинот на големото ракометно дерби РК Еурофарм Пелистер бидејќи раководството и луѓето задолжени за организација на мечот имаа вовед, две полувремиња, пауза и цели два часа да реагираат и да го отстранат транспарентот или тие што го промовираа на видно место, а тоа не го сторија.

Валканите пресметки на навивачите со новинарите и непостапувањето кон истите не се непознати во нашиот спорт, но сигурно не се начин на кој се градат големите европски спортски колективи. Со самиот факт што Еурофарм Пелистер е наш машки ракометен првак и учесник во групната фаза од Лигата на шампионите тоа ги става битолчани во ситуација да имаат обврска тоа да биде нивна траекторијата на развој што, пак, дефинитивно значи и коректен однос кон известувачите од натпреварите и на домашната и на меѓународна сцена.

 

- Оглас -

Најнови вести