
Србија по поразот од Австрија вечерва, не само што не помина во главната рунда на Европското првенство, туку заврши на последно место во својата група и тоа им носи многу проблеми за во иднина.
Четврто место на ЕП значи дека треба да играш претквалификации за следното Светско првенство кое се игра наредната година во Германија. Третата позиција носи директен пласман во квалификациите и на хартија полесни противници. Плус тоа, третото место е многу подобро од четвртото и поради патот кон олимписките игри во Лос Анџелес.
Ова покажува дека Македонија утре мора да ја победи Романија, па макар и со еден гол разлика, макар и да завршиме трети во групата, иако се разбира посакуваме тоа да биде убедлив триумф кој ќе ја остави нашата селекција со шанси да влезе и во втората фаза.
Кога Македонија би била втора зад Данска во групата во Хернинг, а пред Португалија, тоа би било фантастично сценарио и во втората фаза би ни донело пеколни дуели со гигантите Германија, Шпанија, Франција и Норвешка.

