Ракометна треска во Битола: Играат двата тима на Пелистер, Чкембари се надеваат на ново чудо против Вардар

По победата на Еурофарм Пелистер над Вардар во Скопје минатиот викенд, во Битола владее ракометна еуфорија. Во салата „Боро Чурлевски“ денеска играат двата тима на Пелистер.

Лидерот Еурофарм Пелистер го пречекува Охрид и тоа треба да биде лесна победа на битолчани. Пелистер има 11 победи по ред против Охрид и едноставно сега не е јасно со колку разлика ќе победи домаќинот.

Веднаш по тој меч, на сцена ќе излезат вториот тим на Еурофарм Пелистер против актуелниот првак Вардар. Црвено-црните ќе бидат без капитенот Стојанче Стоилов кој е суспендиран поради испадот што го имаше на дербито во Скопје.

Еурофарм Пелистер 2 пред пет месеци успеа да направи чудо и го победи Вардар во Битола со 27:26. Тоа беше и прв пораз на шампионот сезонава, што беше и поттик за првиот тим на Пелистер дека вардарци не се непобедливи.

- Оглас -

Најнови вести