Ракометната федерација на Македонија одбра кој да ја води до 2025 година

Живко Мукаетов едногласно доби и трети мандат по ред да ја води Ракометната федерација на Македонија. На денешното Собрание, Мукаетов ја доби довербата од клубовите и останува предводник на македонскиот ракомет и во наредните четири години.

Мукаетов важи за еден од најуспешните спортски работници кај нас, уште од 2013 година е на чело на РФМ, а ако не се случи нешто вонредно, тој ќе остане на кормилото барем до 2025.

Првиот човек на РФМ кој работи како генерален извршен директор на компанијата „Алкалоид“, се осврна и на настапот на СП во Египет, по кој РФМ се раздели со селекторот Данило Брестовац.

„Го задржавме континуитетот на настапи на големите натпреварувања, но за жал, имавме лошо 23-то место, со една победа и пет порази. Повеќе од пласманот боли и разочарува односот на некои поединци кон националниот дрес. Она што се случи во Каиро беше болно за гледање. Ќе ангажираме селектор кој е докажан и на меѓународно ниво, ни треба додатно искуство однадвор“ – рече Мукаетов.

- Оглас -

Најнови вести