8.3 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Ракометната федерација потпиша договор за партнерство со моќна компанија (Фото)

Ракометната Федерација на Македонија со задоволство ја информира јавноста за новото партнерство со Триглав Осигурување Живот АД Скопје, како официјален партнер на македонскиот ракомет.

Оваа соработка претставува значаен чекор во насока на унапредување и поддршка на ракометот во Македонија, со посебен фокус на стабилноста, сигурноста и долгорочниот развој на спортот и спортистите.

Ракометна Федерација на Македонија преку ова партнерство добива силна и доверлива поддршка од компанија која ја препознава важноста на вложувањето во спортот, младите генерации и националните вредности. Триглав Осигурување Живот АД Скопје, како дел од реномирана осигурителна група, со своето искуство и визија придонесува кон создавање посигурна иднина – како во животот, така и во спортот.

Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за укажаната доверба и верува дека ова партнерство ќе донесе позитивни резултати и успешни заеднички приказни во периодот што следува.

Договорот го потпишаа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, и генералниот директор на Триглав осигурување Живот, Христина Џамбазовска Анастасов.

- Оглас -

Најнови вести