Ракометниот Шекил е пред трансфер на кариерата

Иако неговата репрезентација беше далеку од некој успех на Светското ракометно првенство, ракометарот Готје Мвумби беше една од главните ѕвезди на Мундијалот. Пивотот на Конго ги воодушеви сите како се движи и како игра, иако има дури 137 килограми.

Мвумби го заврши планетарниот собир со 20 погодоци и го привлече вниманието на повеќе европски екипи. Пивотот моментно настапува во францускиот четвртолигаш Дрокс, но се поверојатно е дека во новата сезона ќе игра во Шпанија.

Повеќе шпански клубови имаат упатено конкретни понуди до Мвумби, па сега останува ракометниот Шекил О’ Нил да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести