25.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Ракометно обединување на регионот во Скопје

Од 28 до 30 август, спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на Регионалната ракометна лига, натпреварувачки турнир кој ќе ги обедини ракометните екипи од Македонија, Црна Гора и Србија. Овој уникатен спортски настан има цел да го поттикне натпреварувачкиот дух, пријателството и регионалната соработка во спортот.
Регионалната ракометна лига се одржува со поддршка на Министерството за спорт, а е во организација на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
„Горди сме што Македонија е домаќин на првото издание на Регионалната ракометна лига. Нашата цел е преку спортот да изградиме мостови меѓу земјите од регионот, да создадеме нови можности за младите ракометари и да им понудиме на љубителите на спортот врвни натпревари. Веруваме дека оваа лига ќе прерасне во традиција и ќе биде двигател за понатамошен развој на ракометот во регионот“, изјавија од РФМ.
На овој турнир во машка конкуренција ќе настапат: РК Еурофарм Пелистер, РК Вардар 1961, РК Војводина од Нови Сад и РК Ловќен од Цетиње. Во женска конкуренција силите ќе ги одмерат: ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Металург, ЖРК Бор од Бор, ЖРК Будуќност од Подгорица.
Натпреварите ќе се играат во текот на трите дена, а публиката ќе има можност да ужива во квалитетен ракомет, исполнет со енергија, страст и спортски ферплеј.
- Оглас -

Најнови вести