27.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Ракометно промашување на деценијата кое значеше и пораз на неговата екипа (Видео)

Дербито во полското ракометно првенство меѓу Кјелце и Висла Плоцк заврши со победа на гостите од 29:28. Домашните играчи и навивачи имаат дополнителна причина да бидат разочарани по овој пораз, кога ќе се види што промаши еден од најдобрите играчи на десно крило во Европа, Аркадиуш Морито.

Во еден момент Морито тргна во контранапад, а голот на гостите беше празен. Иако требаше само да ја погоди празната мрежа од неколку метри, Морито ја удри топката во паркетот, а таа високо се одби и заврши во пречката, а ракометарот во неверување самиот заврши во мрежата од голот, додека топката остана во полето.

Доколку овој напад беше реализиран, крајниот резултат можеше да биде сосема поинаков.

https://twitter.com/i/status/1737578699216630222

- Оглас -

Најнови вести