Ракометно ремек-дело – Заслужи чиста десетка за уметнички впечаток (Видео)

Јапонскиот репрезнтативец Косуке Јашухира изведе досега невиден пенал на ракометен меч и заслужи чиста десетка за уметнички впечаток.

Играчот на францускиот Ним изведе прекрасна пируета и од седмерец го погоди голот на Данкерк во убедливата победа од 34:23.

https://twitter.com/LNHofficiel/status/1523623313871802368?s=20&t=OwzWz8pRWuFTWTAOZA3KOQ

Јашухира има само 21 година и еден од најперспективните јапонски ракометари во земјата што постојано напредува во овој спорт.

 

 

- Оглас -

Најнови вести