Ракометното првенство започна со убедлива победа на Алкалоид (Видео)

32-рото ракометно првенство на Македонија започна со убедлива победа на минатогодишниот вицешампион Алкалоид, кој со 40-19 како гостин во својата сала го совлада градскиот ривал Скопје.

Момците на Кирил Лазаров во текот на целиот меч доминираа и ја оправдаа фаворитската улога на овој натпревар.

Најефикасен во победничкиот состав беше францускиот интернационалец Арно Бинго со шест погодоци, додека исто толку постигна и Леонид Киселовски од екипата на Скопје.

Првото коло продолжува со мечеви утре и в недела, но оној најважниот помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е одложен и ќе се одигра следната недела, односно на 17-ти септември во 19 часот со СЦ “Јане Сандански“ во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести