Ракометот не е фудбал, Аргентинците не се тим од кој Македонија треба да се плаши

Холандија ја разби Аргентина со 29-19 во првиот меч од групата на Светското првенство во ракомет во Краков во која игра и Македонија, и со тоа Лалињата испишаа историја, бидејќи ова им е прв триумф на светските првенства.

Аргентинците беа немоќни, можеби се чуваа за својот максимум да го дадат во третото коло кога ќе се сретнат со нашиот национален тим.

Смитс со 7 и Схаген со 6 гола беа најефикасни кај Холандија, која е наш ривал во второто коло, додека кај Аргентина се истакнаа Диего Симонет и Паркер со по 5 гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести