Привремениот менаџер на Манчестер јунајтед, 63-годишниот Германец Ралф Рангник, стана селектор на репрезентацијата на Австрија.
Рангник ќе го преземе националниот тим веднаш по завршувањето на сезоната во Премиерлигата, но ќе продолжи да работи и во Манчестер, како консултант.
Договорот на Рангник со Австрија му е двегодишен. Ако успее да го однесе тимот на Евро 2024, договорот автоматски ќе биде продолжен за уште две години, до Светското првенство 2026.
Рангник и во минатото има работено во Австрија, од 2012 до 2015 беше спортски директор на Ред Бул Салцбург, во 2019 и 2020 беше шеф на одделот за спорт и развој во компанијата Ред Бул.