Во тек (од 22 март до 21 април) се рамазанските пости, нешто што не е нималку лесно да се почитува од професионални спортисти кои се муслимански верници, но како и секоја година така и оваа тие се снаоѓаат некако.
Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, одби да се напие вода откако беше повлечен од игра на денскиот дуел со Манчестер сити, а Софијан Амрабат од Фиорентина против Интер играше ноќе и смееше да јаде, па еден негов соиграч наводно лажирал повреда, и за време на прекинот, Мароканецот Амрабат набрзина изеде една банана и се напи вода.
Погледнете ја реакцијата на Салах кога му беше дадена вода:
https://twitter.com/i/status/1642508427803934721