Рамос блефирал дека има богата понуда од ПСЖ, не успеа да го надмудри Перес

Ерата на Серхио Рамос во Реал Мадрид се ближи кон крајот, по 16 години престој во Кралскиот клуб, дефанзивецот и капитен можеби ќе си замине од клубот во кој се прослави бидејќи никако не можат да се договорат за условите за продолжување на соработката.

Реал прави притисок со постојаните најави дека го договориле Давид Алаба, а информацијата дека ПСЖ му понудил многу пари на Серхио Рамос најверојатно е само измислица и блеф од страна на Рамос. Реал на Рамос му нуди едногодишен договор и плата која е помала од сегашната за 10 проценти, додека Рамос, кој за два месеци ќе наполни 35 години, бара иста плата како досега (12 милиони евра годишно) и двегодишен договор.

Рамос, чиј договор истекува на крајот на јуни, не сака да си оди од Реал, но сака соодветна плата која смета дека ја заслужува. Тој пред неколку дена на претседателот Флорентино Перес му рекол ПСЖ му нуди 20 милиони по сезона, но првиот човек на најголемиот клуб на светот му се јавил на колегата Насер Ал Келаифи од ПСЖ, со кого е во добри односи, и го прашал дали тоа е вистина. Газдата на ПСЖ му рекол на Перес дека е чиста глупост и дека му понудиле 20 милиони на Рамос. Тоа е сума поголема од таа што во моментов ја зема Килијан Мбапе.

Откако ја дознал вистината, задоволниот Перес му рекол на Рамос: „Слободно прифати ја супер понудата од ПСЖ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести