Погодокот на Пике за 2-0 против Динамо Киев, кој подоцна се покажа дека е решавачки за победата на Каталонците, го стави на второто место на листата на стрелците во Лигата на шампионите кога станува збор за одбранбени играчи.
Пике на оваа листа се изедначи со Иван Елгера, некогашниот играч на Реал Мадрид со по 15 погодоци. Пред нив е само Роберто Карлос, исто така некогашна ѕвезда на Кралевите, кој во кариерата постигна 16 погодоци на сцената од најелитното натпреварување.
Пике како да му одговори на „другарот“ Серхио Рамос, кој пред два дена го запиша 100-тиот погодок во дресот Реал во победата од 3-2 над Интер. За Рамос тоа беше 14-ти гол во Лигата на шампионите, или има еден помалку од Пике.