Рамос: Да ја освојам Олимпијадата, Светското првенство и петтата титула во ЛШ, па да се пензионирам

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, не планира во блиска иднина да стави крај на кариерата. Актуелниот договор на 35-годишниот Рамос истекува на крајот од сезонава, но тој вели дека планира и во иднина да биде дел од „најдобриот клуб во светот“. Еден од најдобрите дефанзивци во светскиот фудбал вели дека очекува да има период со многу освоени трофеи.

„Планот ми е по петти пат да ја освојам Лигата на шампионите, но и да триумфирам на Светското првенство и на Олимписките игри. Ќе ја завршам кариерата кога ќе мислам дека е дојдено време за тоа, а тоа нема да биде наскоро. Тоа е мојата одлука, телото ќе ми каже кога е време да се повлечам“, рече Рамос.

Рамос сезонава одигра 15 меча во Примера дивисион и даде два гола. Реал Мадрид сезонава е во трка за титулите во домашното првенство, но и во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести