Рамос: Да сакав индивидуални награди, ќе играв тенис

Серхио Рамос по 10-ти пат се најде меѓу најдобрите 11 според изборот на ФИФА, поточно од 2011 година, па наваму капитенот на Реал Мадрид редовно е во улога на претставник на Кралевите, а на церемонијата посочи дека индивидуалните награди не му се важни.

Многумина се прашуваа зошто и како Рамос се најде во елитното друштво и покрај тоа што Кралскиот клуб имаше сезона за заборав, а заедно со него во најдобрите 11 се најдоа и Лука Модриќ и Марсело.

„Преферирам да не доаѓам на оваа церемонија, ако тоа е цената која треба да ја платам за Реал да реди успеси. Ништо не ми е поважно од освојување трофеи со тимот. Да сакав индивидуални награди. ќе играв тенис. Кога тимот има успех, сите ние сме победници. Иако лани сезоната за нас не се одвиваше според планот, добро е што Реал има претставници во изборот на ФИФА“, истакна Рамос.

- Оглас -

Најнови вести