Рамос доби понуда да заработи 100 милиони евра за две сезони

Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос во следната сезона би можело да заигра во Саудиска Арабија, каде што веќе неколку месеци главна ѕвезда е Кристијано Роналдо, пренесува весникот „Ас“. Рамос и Роналдо речиси една деценија беа соиграчи во Реал Мадрид и заедно освоија многу трофеи, а сега може да бидат ривали во првенството на Саудиска Арабија.

Првите најави беа дека екипата на Ал-Хилал прво понудила 30 милиони евра по сезона за Рамос да дојде во клубот во следните две сезони, а подоцна таа понуда се зголеми на 50 милиони евра по сезона за легендарниот дефанзивец.

Планот на Саудиска Арабија е да собере што е можно повееќе светски фудбалски ѕвезди во нивното првенство и тие да лобираат за добивање на организацијата на Светското првенство во 2030 година, кога и ќе се слави 100 години од првиот Мундијал одигран во Уругвај.

Рамос е играч на ПСЖ, но неговиот актуелен договор истекува на крајот од сезоната.

Планот е Саудиска Арабија да се кандидира за добивање на организацијата на Мундијалот во 2030 година заедно со Египет и Грција.

- Оглас -

Најнови вести