Серхио Рамос ќе ја продолжи својата кариера во Европа, а како што стојат работите, многу наскоро би можел да се приклучи на својот нов клуб. Легендарниот шпански дефанзивец го напушти мексиканскиот Монтереј, а веќе има официјална понуда на маса за продолжување на кариерата.
Челниците на Манчестер Јунајтед донесоа одлука да дадат се од себе за да го донесат на „Олд Трафорд“ ветеранот кој во март ќе наполни 40 години.
Манчестер Јунајтед сезонава верува дека може да стигне до позиција која носи во Лига на шампиони. Црвените ѓаволи моментално се на шестото место на табелата.
Тренерот Рубен Аморим доби „одврзани раце“ од газдата Сер Џим Ретклиф и ИНЕОС го да доведе засилувања кои ќе значат и уште подобри резултати на екипата. Рамос сега е на врвот на листата кога станува збор за нови играчи, но отворени се и поевтини опции на други позиции за зајакнување на тимот. Сепак, доведувањето на квалитетен централен дефанзивец е еден од приоритетите за англискиот гигант.

