Серхио Рамос веќе неколку месеци е без клуб. Последен пат искусниот 38-годишен дефанзивец играше во дресот на Севилја, а откако летово му заврши договорот, остана слободен играч.
Иако е ветеран, Рамос не се предава, тренира и е во добра форма, а единствена причина поради која е без клуб е неговата плата која ја побарува. Многу клубови се откажаа од Рамос откако слушнаа дека треба да одвојат неколку милиони евра за неговите услуги.
Како опција за враќање на Рамос во врвниот фудбал сега е Јувентус. Италијанскиот гигант има голем проблем во дефанзивниот ре, откако се повреди Глејсон Бремер и му следува пауза 7-8 месеци, односно до крајот на сезоната. Токму затоа, Старата дама како опција за замена на Бремер го има Рамос, играч кој одлично знае како се игра на врвно ниво.
Останува само дилемата дали Јувентус би успеал да ја договори платата за Рамос, кој сигурно ќе сака да се прости во голем стил од фудбалската сцена. Рамос во кариерата има играно за Севилја, Реал Мадрид, каде што помина 16 години и Пари Сен Жермен.