Рамос изоставен од составот на Шпанија за ЕП, нема ниеден играч од Реал Мадрид!

Досегашниот капитен на шпанската репрезентација Серхио Рамос не е повикан за настап на Европското првенство. Рамос кој беше предводник на Црвената фурија во освојување на европските титули во 2008 и 2012 година, не се најде на конечниот список на селекторот Луис Енрике.

Освен што Рамос го нема меѓу повиканите, во репрезентацијата на Шпанија нема да има ниту еден играч од Реал Мадрид. селекторот енрике ја објасни својата одлука.

„Долго време размислував пред да ја донесам оваа одлука. Вчера разговарав со Рамос и воопшто не беше лесно да му го соопштам тоа. Сепак, мислам дека треба да се држиме на тоа што е најдобро за репрезентацијата. Рамос не е подготвен да тренира, да биде дел од тимот. Ова негово изостанување не значи дека во иднина тој нема да биде дел од националниот тим. Му реков да биде себичен, да работи напорно, да се опорави и да се врати во одлична форма како во својот клуб така и во националниот дрес“, објасни Енрике.

На ЕП 2020, Шпанија е во група со Словачка, Шведска и Полска и секако Црвената фурија е меѓу фаворитите за највисок пласман.

 

- Оглас -

Најнови вести