Рамос како веќе да најавува каде ќе игра следната сезона

Цели 16 сезони Серхио Рамос е столбот во одбраната на Реал Мадрид. Со своите игри, дефанзивецот дојде до капитенската лента и се претвори во вистински лидер на тимот. Сепак, се поизвесно е дека Рамос веќе нема да го носи дресот на Кралскиот клуб.

Актуелниот договор на Рамос со Реал истекува на крајот од сезонава. Тој моментно е повреден и дуелот против Челзи беше последен за него. Ако се знае дека челниците на мадридскиот гигант уште не му понудиле понуда за продолжување на договорот, јасно е дека Рамос летово многу веројатно е да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Според последните шпекулации, Пари Сен Жермен треба да биде следната дестинација на Рамос. Капитенот на Реал во последните неколку дена решил да заследи неколку фудбалери на ПСЖ на социјалните мрежи, што веднаш го поврзаа со тоа дека тие се неговите можни идни соиграчи.

Рамос дури и коментираше на објавата на Нејмар кога Бразилецот потврди дека останува меѓу Светците до 2025 година. Дали коментарот на Рамос е поради тоа што Нејмар реши сепак да не се врати во Барселона или дека можно е од следната сезона да ги гледаме Серхио и Бразилецот како соиграчи, ќе видиме по завршување на сезонава.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести