Серхио Рамос и Лионел Меси долго време беа противници како фудбалери на вечните шпански ривали Реал Мадрид и Барселона и водеа жестоки битки, а сега се соиграчи во Пари Сен Жермен.
Рамос како стопер и бек на Реал Мадрид против волшебната десетка на Барселона, Лео Меси беа дел од епските дуели на шпанските гиганти, а Серхио сега конечно може да биде искрен и без притисок да говори за квалитетите на Аргентинецот.
„Долго време страдав во дуелите со Меси. Сега уживам со него во иста екипа, во Пари Сен Жермен. Тој е најдобриот фудбалски производ на сите времиња“, вели Рамос.
И двајцата беа капитени на своите претходни тимови, Реал и Барселона, а над 15 години, од 2005 до 2021 година беа големи ривали на популарното „Ел Класико“, што е најголемо и најзначајно фудбалско дерби на светот.
И двајцата дојдоа во Пари Сен Жермен во 2021 година.