Рамос кажа „да“, се ожени со жената со која има три деца (Фото)

Капитенот на Реал Мадрид и шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Рамос, попладнево и официјално стави потпис на брачниот договор со неговата девојка Пилар Рубио, со која е во врска од 2012 година, а веќе имаат и три сина.

Рамос има 33 години, а ТВ презентерката Пилар е осум години постара од него. Меѓу 500-те гости на свадбата, има многу сегашни и некогашни фудбалери. Има и играчи на Барселона како Бускетс и Алба, има сегашни и некогашни членови на Реал, колеги на Рамос од националниот тим, тука е и Дејвид Бекам, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, итн.

Погледнете галерија од мал дел од ѕвездите кои се во Севилја на свадбата кај Рамос:

 

 

 

Од забележителните отсутства, на свадбата ги нема Зинедин Зидан (отиден е на одмор) и Кристијано Рамос (не доби покана), исто како и Икер Касилјас и Жерард Пике. На гостите им е забрането носење на мобилни телефони, што значи дека од забавата тешко дека ќе има фотографии кои Рамос и невестата нема да дозволат да бидат објавени во јавноста.

- Оглас -

Најнови вести