Рамос може да направи нешто невидено во последните 80 години

Рекордерот по број на настапи за шпанската репрезентација, Серхио Рамос, кој синоќа стигна до бројка од 168 меча во дресот на „црвената фурија“, повтори дека сака да настапи на олимпискиот турнир следната година во Токио.

Ако игра на олимпискиот турнир, Рамос ќе добие шанса да биде првиот фудбалер во последните 80 години кој има злато од Светско првенство и Олимписки игри.

„Тажен сум што не ја победивме Норвешка. Мојот рекорд е со секундарна важност. Би го заменил за победата. Гордост е што го носам овој дрес подолго од било кој друг, се надевам дека уште долго ќе го носам. Рано е да се зборува за ОИ, но ако добијам шанса, нема да кажам не. Ми се допаѓа идејата да играм, не се одбива такво нешто“ – рече Рамос.

 

- Оглас -

Најнови вести