Рамос: На Роналдо му посакуваме сè најдобро, сè додека патиштата не ни се спојат

Реал Мадрид е клубот кој три сезони по ред доминираше во Лигата на шампионите. Сепак, оваа сезона Кралскиот клуб ќе биде без неговата најголема ѕвезда, Кристијано Роналдо, кој замина во Јувентус. Капитенот на Реал, Серхио Рамос вели дека мадридскиот гигант мора да продолжи во ист стил и да ги има истите амбиции.

„Горди сме поради освоените три титули по ред во Лигата на шампионите. Мораме да ги задржиме истите амбиции“, вели Рамос, кој е свесен дека без Роналдо нема да биде така лесно. „Кристијано одбележа една ера во Реал, но ние не може да живееме од спомените на него. Му посакуваме сè најдобро, сè додека патиштата не ни се спојат. Животот тече понатаму. Ние мора да градиме нов стил на игра и на друг начин да стигнуваме до победите. Мораме да веруваме дека и оваа сезона може да стигнеме до титулата во Лигата на шампиони“, потенцираше Рамос.

Одбраната на тронот Реал ќе ја започне утре, и тоа на свој терен во дуел против Рома.

- Оглас -

Најнови вести