Рамос не е сериозно повреден, најверојатно ќе игра против Мајорка

Реал Мадрид од вчера е лидер во Ла Лига по триумфот од 2-1 против Реал Сосиедад, но Кралевите за малку скапо ќе ја платеа победата. Капитенот Серхио Рамос мораше да го напушти теренот точно по еден час игра откако се здоби со повреда на левото колено.

Рамос по мечот држеше мраз на коленото, а шпанските медиуми велат дека не станува збор за сериозна повреда. Стоперот е во добра состојба и веројатно ќе биде во составот за мечот против Мајорка, кој ќе се игра во рамките од 31-вото коло во Ла Лига.

Дефанзивецот инаку вчера беше еден од стрелците во победата над Сосиедад, погоди од белата точка десетина минути пред да биде заменет, а со тој гол Рамос стана втор најдобар стрелец-дефанзивец во историјата на шпанското првенство со 68 погодоци. Пред него е само легендата на Реал Мадрид, Фернандо Јеро со 105 гола.

- Оглас -

Најнови вести