Серхио Рамос како вистински капитен го предводи Реал Мадрид на двата краја од теренот. Иако негова основна задача е да ја расчистува опасноста пред голот на Кралевите, Рамос се претвори и во одличен напаѓач. На последниот дуел против Интер во Лигата на шампионите, Рамос погоди еднаш во победата од 3:2.
Голот против Интер беше јубилеен 100-ти погодок за Рамос во дресот на Реал Мадрид. Тоа е броја за која сонуваат многу напаѓачи и играчи од средниот ред, а Рамос како дефанзивец ја достигна.
„Рекордите и статистиките се интересни, но за мене најважно е да победи екипата. Се надевам дека уште долго време ќе играм и ќе давам голови. Секој погодок го славам како дете, а меѓу тие 100 погодоци не е лесно да се одбере еден. Сепак, постои еден гол кој е посебен, а тоа е тој против Атлетико Мадрид за 1:1 во 93-тата минута, во финалето на Лигата на шампионите во Лисабон. Потоа успеавме да ја освои Лигата на шампиони, а тоа беше и најава дека ќе доминираме во ЛШ“, вели Рамос.
Голот против Атлетико го даде во финалето во 2014 година, а Кралскиот клуб потоа стана првак на Европа и во 2016, 2017 и 2018 година.
„Тој гол ја промени историјата на клубот затоа што Лигата на шампионите ја немавме освоено долго време и успеав да погодам во моментите кога сите мислеа дека сè е загубено. По тој гол, на мајка ми и реков дека сега можам мирно да умрам без разлика што ќе се случи. Мислам дека тоа е голот на мојата кариера“, додаде Рамос, присетувајќи се на тоа што се случи пред шест и пол години.