Монтереј ја победи Некакса со 3-0 во дуел од мексиканската лига кој мина во знакот на двајца Шпанци со име Серхио и во минатото играле за Реал Мадрид.
Серхио Рамос даде гол од пенал и тоа беше негов прв погодок после пауза од два месеци.
Но, она што го направи Каналес го крена Мексико на нозе, а снимката го воодушеви и целиот фудбалски свет. Шпанецот со прецизен шут даде гол директно од корнер, изненадувајќи ги голманот и одбраната на Некакса.
Погледнете ја мајсторијата на некогашниот шпански мега талент:
Tenés que cerrar el estadio.🏟️ ¡Los Magos hacen eso!🤯🪄🤌🏼#GolRayado pic.twitter.com/fAOyVe4DoD
— Rayados (@Rayados) August 24, 2025